Рамос: Кралот никогаш не може да биде мртов

Серхио Рамос, капитенот на Реал Мадрид, имаше јасна порака по победата на неговиот тим над ПСЖ во Лигата на шампионите.

Кралевите го совладаа ПСЖ со 3-1 во првиот осминафинале натпревар, во дербито кое ја одбележува оваа фаза.

„Реал Мадрид никогаш не може да биде мртов. Ова беше важна победа за да се вратиме и мораме да продолжиме со исто темпо. Сериозно сакаме да го одбраниме трофејот во Лигата на шампионите“, изјави Рамос.

Тој во вториот дел спаси гол по ударот на Рабио, но се чинеше дека топката го погоди во раката.

„Ме погоди во градите, па во раката. Немав намера да играм со рака“, заклучи капитенот на Реал.