ПСЖ не сакаше да тренира на „Енфилд“ и „Сан Паоло“, но „Маракана“ е друга приказна

ПСЖ на изминатите две гостувања во Лигата на шампионите против Ливерпул и Наполи не тренираше на стадионите пред натпреварите. 

„Светците“ не сакале да тренираат на „Енфилд“ и „Сан Паоло“, но изразија желба да го почувствуваат теренот на „Маракана“ во Белград.

„Тоа го направивме од логистички причини, претходно против Наполи и Ливерпул беше поинаку. Сега сакавме да го почувствуваме стадионот и теренот на 'Маракана'“, изјави тренерот на ПСЖ, Томас Тухел.