ПСЖ објави лоши вести: Мбапе нема да игра против Аталанта во ЛШ

Килијан Мбапе ќе биде надвор од терените во следните три недели, објави ПСЖ по деталните медицински прегледи на зглобот на фудбалерот.

Французинот мораше да го напушти теренот уште во првото полувреме од финалето во францускиот Куп помеѓу ПСЖ и Сент Етијен, откако капитенот на ривалот Лоик Перан направи брутален старт врз него.

Фудбалерот на „зелените“ заработи црвен картон, а Мбапе остана повреден на теренот. Прегледите покажале дека ѕвездата на ПСЖ има повреда на лигаментите на зглобот и ќе мора да паузира три недели.

Тоа значи дека Мбапе нема да биде подготвен за четвртфиналниот натпревар со Аталанта во Лигата на шампионите, што треба да се игра на 12 август во Лисабон.