Првиот човек на Наполи се закани: Ако некој се зарази, ќе ѝ направиме пекол на УЕФА!

Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис има намера да ја уништи Европската фудбалска федерација (УЕФА) ако некој од членовите на неговата екипа се зарази со Ковид-19 во Барселона.

УЕФА реши реваншите во осминафиналето на Лигата на шампиони да се играат во градовите домаќини без оглед на пандемијата на коронавирусот.

„УЕФА не слуша, не гледа и не зборува. Се надевам дека ништо лошо нема да се случи на мечот, зашто ако се случи, ќе ѝ направиме пекол на УЕФА“, кажа Де Лаурентис.

Реваншот се игра на 8 август, додека првиот меч во Неапол заврши 1-1.