Првата средба меѓу нокаутираната редарка и Роналдо завршила со - пцовки! (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед ја почна групната фаза од Лигата на шампиони (ЛШ) на ужасен начин, односно со пораз од 1-2 кај Јанг бојс, а пред почеток на натпреварот Кристијано Роналдо нокаутираше една редарка.

Роналдо испрати силен, но непрецизен удар кој ја погоди редарката и ја нокаутира, по што мораа да интервенираат останатите редари и медицинска екипа.

По натпреварот Роналдо ја пронајде жената која работеше во обезбедувањето и за подарок ѝ даде дрес, а таа откри дека тоа не била нивна прва средба.

„Кога играше за Реал Мадрид завршивме со пцовки. Не знаев кој е тој. Му кажав дека натпреварот е готов и дека луѓето не заминуваат затоа што тој и понатаму трча по теренот. Продолжи, а јас бев изморена. Ми кажа дека одам да разговарам со тренерот. Се вратив и му го прашав дали ќе прекине, но тој ми кажа да си ја гледам работата, по што му кажав дека е безобразен“, открива редарката.

Редарката призна дека Роналдо не ѝ се допаѓал, но тоа се променило кога ја погодил со топката.

„Ме држеше за рака и ме милуваше по лицето. Ме праша дали сум добар, па сега јас сум негова навивачка“, открива жената.