„Проектот за Суперлига не е мртов, Инфантино стои зад него!“
Шпанецот тврди дека Инфантино е во тајните документи за организацијата на Суперлигата.
„Знам дека Инфантино стои зад Суперлигата и тоа му го кажав лично. Му кажав и претходно и ќе го повторувам постојано. Инфантино стои зад Суперлигата“, тврди Тебас.
Тебас додаде дека Ла Лига нема ниту механизам, ниту капацитет да ги казни Реал Мадрид и Барселона зашто не сакаат да се откажат од проектот.
„Федерацијата ѝ припаѓа на УЕФА, но не и лигите кои се самостојни. Речиси сите клубови во Суперлигата се свесни дека направија грешка, а најлоша казна ќе им биде реакцијата на нивните навивачи. Проектот пропадна, но не е мртов“, кажа првиот човек на Ла Лига.