Преживеа автобусот на Мурињо, Рома водеше па загуби кај Шахтјор (ВИДЕО)

Фудбалерите на Севиља можат да жалат што на реваншот кај Јунајтед ќе патуваат само со 0-0, а имаа бројни шанси за победа. Шахтјор славеше со 2-1 против Рома.

Жозе Мурињо имаше една цел, вечерва непоразен да остане во Севиља и успеа. Одбраната на ѓаволите, предводена од чудотворецот Давид де Геа, одолеа на сите налети на противникот и не прими гол.

Домаќините нападнаа уште од самиот старт, играа висок пресинг и таквата игра ги донесе во неколку опасни позиции да го загрозат противничкиот гол, но Муриел се изнапромашува, односно Де Геа беше одличен во многу наврати и на крајот тој беше најзаслужен за ваквиот исход на натпреварот.

Рома водеше на гостувањето кај Шахтјор по првиот дел, но во вториот домаќините направија комплетен пресврт.