Пресврт на Реал Мадрид: Рамос од пенал го носи во водство „кралот“ (ВИДЕО)

Реал Мадрид успеа да направи пресврт против Атлетико Мадрид во УЕФА Суперкупот што вечерва се игра во Талин, Естонија. 

Диего Коста им сервираше погодок на „кралевите“ уште во првата минута, но потоа Карим Бензема погоди за 1-1. капитенот Серхио Рамос го носи во водство Реал Мадрид од пенал во 63-тата минута, откако Хуанфран играше со рака во својот шеснаесетник.