Предизвик за Адеми и „модрите“: Динамо на чекор да биде најслаб учесник во историјата на ЛШ

Македонскиот репрезентативец и капитен на загрепски Динамо, Аријан Адеми вечерва ќе ги предводи „модрите“ во нов настап во европската елита по пауза од четири години во воведната пресметка од новата сезона против италијанска Аталанта на „Максимир“.

И за Адеми и другарите вешерашниот дуел е посебен предизвик во кој не смеат да загубат, зашто во тој счучај би биле најслабиот тим кој играл во историјата на Лигата на шампионите. Причината е едноставна, Динамо во моментов има 11 меча во серија во елитата на кои загубил. Ако Аталанта победи среде Загреб, тоа би бил – 12-ти меч.

Ако загубат загрепчани би се израмниле по број на порази во низа со белгиски Андерлехт, кој има 12 порази во серија и таа црна серија ја прекинаа во 2005 година. Во очајните 12 порази, Белгијците имаа гол-разлика од 4-26. Но, Динамо може да ги надмине, зашто во 11 порази по ред имаат гол-разлика од 1-28, па нов пораз само уште повеќе би ја зголемил негативната гол-разлика и со тоа би ги ставил како – најочајниот тим што бил дел од елитата.

Пред седум години Динамо успеа да се спаси за да не биде најслабиот учесник. Тогаш ремизираа со Динамо Киев (2012 година) за да не запишат 12 порази. Сега, на потег се Адеми, Олмо, Ливаковиќ, Дилавер и останатите против бергамашите.