Познато каде ќе се одигра реваншот меѓу Манчестер сити и Реал Мадрид

Лигата на шампиони ќе продолжи со реванш-натпреварите од осминафиналето следниот месец, а УЕФА имаше проблем со организацијата на мечот меѓу Манчестер сити и Реал Мадрид, кој беше експресно решен со одлука на Владата на Велика Британија.

Владата најпрво реши да воведе карантин од 14 дена за лицата кои доаѓаат од Шпанија, но за ѕвездите на Реал Мадрид ќе се направи исклучок и тие нема да мора да бидат во карантин.

Тоа значи дека натпреварот меѓу „граѓаните“ и „кралевите“ ќе се одржи на „Итихад“ на 7 август, а резултатот од првиот меч меѓу тимовите беше 2-1 за Сити.