Потврдено е: Шкендија ќе мора преку Розенборг ако сака групи во ЛЕ

Иако немаше дилема со оглед на квалитетот на Норвежаните, сепак сега е официјално и може да се констатира: Розенборг ќе биде противник на Шкендија во плејоф-колото пред групната фаза во Лига Европа.

Норвешкиот тим убедливо го надигра Корк сити и во вечерашниот реванш, славејќи со 3-0. Епилогот немаше многу прашања, бидејќи уште на првиот меч, во Ирска Розенборг победи со 2-0.

Сега следуваат 90 минути во Трондхајм, на 23 август, кога Шкендија ќе има шанса да си создаде добар капитал за реваншот на „Филип Втори“, на 30 август. Конечниот победник ќе игра во групите од Лига Европа.

Розенборг беше во група со Вардар минатата сезона, во Норвешка го доби со 3-1, а во Скопје беше 1-1.