Порто не го освои Истанбул за осминафинале, Спартак се по далеку од пролет во ЛШ! (ВИДЕО)

Поранешниот двоен европски шампион Порто останува многу близу до осминафиналето во Лигата на шампионите, но тоа го одложи за последното коло, по ремито вечерва во Истанбул 9ж(1-1) кај веќе пласираниот осминафиналист Бешикташ!

Порто со овој бод има три бода предност пред Лајпциг, кој вечерва гостува во Монако, па како и да заврши овој меч, Порто дома ќе мора да решава против „малото кнежевство“ за пласман понатаму. На двојниот европски првак му требаше победа и Лајпциг да не победи, но од математиката не излезе ништо.

Порто поведе преку Фелипе по половина час игра, но пред крајот на полувремето Талиска израмни во 41-та минута и тука заврши резултатски мечот, иако во вториот дел имаше шанси за поинаков конечен резултат. Рајан Бабел погоди пречка, а Турците имаа повеќе шанси дури и за победа.

Спартак Москва пропушти голема шанса за да се искачи привремено на второто место и да се израмни со Ливерпул, пред вечерашната пресметка на „црвените“ со Севилја во Шпанија. Иако московјаните поведоа преку Зе Луис на осум минути пред крајот, Марибор успеа да израмни преку Јасмин Мешановиќ во 92-та минута и да им ја загорчи работата на Русите.

Без оглед дали ќе победеа или не, Спартак секако својот пролетен настап во ЛШ ќе го решаваше на „Енфолд роуд“. Сега со шест бода ќе мора да го победи Ливерпул, но рускиот тим виси, ако „црвените“ денеска победат во Шпанија, а Севилја во последното коло игра со Марибор и треба рутински да ја одработи задачата.