Поради глупоста во Даблин, Роналдо го пропушта стартот на Светското првенство?
За играчот на Ал Наср тоа е прво исклучување во репрезентативната кариера, но дојде во исклучително лош момент, пред крајот на квалификациите за Мундијалот. Со оглед на тоа што доби директен црвен картон, на Роналдо треба да му биде изречена суспензија од најмалку два официјални натпревари, а тоа значи дека нема да игра против Ерменија во последното коло од квалификациите и во првото коло од групната фаза на Светското првенство.
Постои опасност казната да биде уште поголема, ако дисциплинската комисија утврди дека станува збор за насилно однесување или напад врз противнички фудбалер. Во таков случај Роналдо би можел да биде суспендиран на три или повеќе натпревари што значи дека би пропуштил уште некој меч на Мундијалот.
Португалија уште официјално не го обезбедила пласманот на Светското првенство, но нереално е да не го направи тоа бидејќи во последното коло против Ерменија ѝ е доволен и еден бод.