Политиката диктира: УЕФА ќе забрани грчко-турски пресметки во Европа?

Европската фудбалска унија (УЕФА) сериозно размислува барем за новата сезона во европските купови да забрани пресметки на грчки и турски клубови, откако буквално пред избувнување на воен судир беа двете земји пред неколку денови во егејското море.

УЕФА барем засега забранува пресметки на ерменски и азербејџански клубови, на руски со украински, како и на српски со косовски, ама по се изгледа овојпат ќе има забрана и за грчко-турски пресметки, иако досега тоа не беше случај.

Грчки медиуми ја објавија оваа информација повикувајќи се на информации од Нион во пресрет на ждрепката за европските купови на 9 август. Грција и Турција беа на праг на војна во егејското море, откако двете земји ја кренаа целата флота, поради истражувања на енергенси во близина на грчки остров, за кои јужниот сосед смета дека е нарушување на територијалните води на Грција, а Турците дека тие води не се дел од морската територија на Грција.

Плус, проблемот со претворањето во џамија на „Аја Софија“ во Истанбул уште повеќе ги затегна односите, па сега можните пресметки на ПАОК со Трабзон или со Бешикташ се проблематични за УЕФА, а во Нион не сакаат ништо да остават на сучајноста, без оглед што дуелите нема да се играат со гледачи.