Партизан во нокаут фаза, Хофенхајм остана дома! (ВИДЕО)

Белград е на нозе, Партизан слави пласман во нокаут фазата од Лигата на Европа по првпат по 13 години, а за бундеслигашот Хофенхајм заврши европската одисеја.

Партизан вечерва го совлада швајцарски Јанг бојс со 2-1, а и покрај победата на Скендербег над Динамо Киев, Србите го обезебедија најмалку второто место во групата, а во последното коло во директен дуел со унгарскиот гигант ќе одлучуваат за првото место во групата.

Хофенхајм загуби од Брага со 1-3 и така остана закован за дното во групата Ц, без никакви шанси за пласман во следната фаза, иако важеше за фаворит во оваа група бидејќи беше во друштво на Брага, Лудогорец и Басакшехир.

Милан оствари убедлива победа (5-1) над Австрија Виена, со што и дефинитивно го освои првото место во групата Д од Лигата на Европа, иако австрискиот тим поведе со 0-1, по грешката на Леонардо Бонучи и голот на Моншеин, сепак, Милан одговори со три погодоци до крајот на полувремето што ги постигнаа Родригез, Андре Силва и Кутроне, а во вториот со нови два гола го реши натпреварот.

Резултати, Лига Европа, 5-то коло:

Група А: Макаби ТА – Спарта Прага 0-2, Астана – Вилјареал 2-3

Група Б: Партизан – Јанг Бојс 2-1, Скендербег – Динамо Киев 3-2

Група Ц: Брага – Хофенхајм 3-1, Лудогорец – Башакшехир 1-2

Група Д: Милан – Австрија Виена 5-1, АЕК – Ријека 2-2

Група Е: Евертон – Аталанта 1-5, Лион – Аполон Лимасол 4-0

Група Ф: Шериф – Злин 1-0, Локомотив Москва – Копенхаген 2-1