Партизан со реми се враќа од Русија, триумф за Фазлагиќ и Жилина (ВИДЕО)

Партизан со позитивен резултат се враќа од Русија, каде што одигра 1-1 против Сочи во рамки на квалификациите за Конференциската лига.

Сочи поведе по сомнителен пенал, кој им беше досуден во 66. минута, а го реализираше Нобоа со удар по средината на теренот.

Само седум минути подоцна Гомеш успеа да израмни на 1-1 и така Партизан со добар резултат ќе го пречека рускиот тим во реваншот во Србија, кој се игра на 12 август.

Македонскиот интернационалец Енис Фазлагиќ заедно со Жилина запишаа триумф кај Тобол од 1-0, а нашиот фудбалер го одигра цел меч за неговата екипа.

Останати резултати:

Купс – Астана 1-1
Локомотив Пловдив – Копенхаген 1-1