Пандев во идеалната постава на ЕУРО 2020 (ФОТО)

Горан Пандев се најде помеѓу најдобрите 11 на Европското првенство во изборот на холандскиот портал „Нос Спортс“. 

Македонскиот репрезентативец го постигна првиот гол за нашата селекција на Европските првенства против Австрија. На дуелите со Украина и Холандија во рамки на групата Ц исто така покажуваше блесоци на својот квалитет, па тоа беше доволноза „Нос Спортс“, да го вметне во идеалната постава на групната фаза на турнирот со мајстори како Кристијано Роналдо, Кевин де Брајне, Герет Бејл и други.