Осминафиналето во ЛШ почнува со еден спектакл, а ќе заврши со – титанска пресметка

По вчерашната ждрепка за осминафиналето во Лигата на шампионите, која донесе три спектакуларни пресметки од кои врв на сите ќе биде дуелот на петкратните европски шампиони Ливерпул и Баерн Минхен, УЕФА конечно го објави распоредот на мечеви за февруарско-мартовските двомечи на стартот на елиминациската фаза.

Тоа што е најинтересно е дека сите мечеви ќе се играат во ист термин. Овојпат првиот од 18.55 нема да го има, што значи дека дуелите ќе почнат од 21 часот, а можно е победници да се добијат и по – полноќ. Ако некој од двомечите продолжи низ продолженија и пенал-рулет, нема да биде чудо победникот да се добиле и следниот ден.

Според распоредот на мечеви кој го објави УЕФА, елиминациите почнуваат со еден спектакл, пресметката на Манчестер јунајтед со Пари Сен Жермен, како спектакл од војната програма на 12 февруари, за кога е закажан и дуелот на Рома со Порто. Еден месец подоцна, на 13 март, осминафиналните возбудувања ќе завршат со спектаклот Баерн Минхен – Ливерпул на „Алијанц Арена“, како реванш од пресметката на титаните која ќе биде посебно во фокусот на јавноста во оваа прва елиминациска рунда.

РАСПОРЕД НА МЕЧЕВИ ЗА ОСМИНАФИНАЛЕ

- сите мечеви се играат од 21 часот

12 февруари - 6 март

Манчестер јунајтед – ПСЖ, Рома - Порто

13 февруари – 5 март

Тотнем – Борусија Дортмунд, Ајакс – Реал Мадрид

19 февруари – 13 март

Лион – Барселона, Ливерпул - Баерн Минхен

20 февруари – 12 март

Шалке – Манчестер сити, Атлетико Мадрид - Јувентус