Османи: Немавме ни добар тајминг, ни агресивност, ни реализација – затоа изгубивме!

Тренерот на макеоднскиот првак Шкендија, Ќатип Османи изјави дека црвено-црните одиграа преслебо, без добар тајминг, без агресивност и со веќе потенциран проблем на лоша реализација резултатот е – елиминација од квалификациите за ЛШ. 

Шкендија денеска шокантно изгуби со 1-2 од естонски Номе Калју и уште на стартот ги заврши настапите во елитното натпреварување, па сега „утешно“ ќе се бори во Лига Европа.

„Ние и после првиот меч споменувавме дека проблем е таа реализација и декеска се покажа таа како недоволна да победиме. Игравме бледо прво полувреме, нешто подобро во второто, но на крај сето тоа недоволно за победа. Ние денеска досневме во сѐ. Во дуел играта, немавме добар тајминг, немавме агресивност и резултат на сето ова е – овој пораз!“, вели Османи.

Тренерот на Шкендија посочи дека идејата со многу индивидуалци е да се искористи нивниот квалитет со брза игра и кратки додавања за да се дојде до гол.

„Имаме доста квалитетни индивидуалци, кои прават потег повеќе, а идеја беше со нив и со комбинирање да дојдеме до гол. Тоа беше идејата, ама... Сега треба да ја вратиме таа атмосфера и да се подготвиме за Валета или Дуделанж во Лига Европа“, додаде Османи.