Официјално: УЕФА немаше милост - го казни Милан!

Милан навистина нема среќа овие два дена, откако вчера беше елиминиран од Лига Европа по поразот од Олимпијакос, денеска ја дознаа и казната од УЕФА.

Милан одамна имаше проблем со финансискиот фер-плеј, па првичната одлука беше да бидат исфрлени од Европа, по што одлуката ја поништи Судот за арбитража, но затоа УЕФА доби шанса да им даде нова казна, која можеби ќе биде до некаде олеснителна за нив.

УЕФА соопшти дека Милан ќе мора да ги среди финансиите до 2021 година, а доколку го прекрши тоа, тогаш им следува еднагодина исклучување од европските натпреварувања во сезоната 2022/23, доколку се квалификува за некое од нив.

Исто така, „Росонерите“  ќе мора да плати казна од 12 милиони евра, односно премиите од Лига Европа ќе им бидат задржани.

Но, тоа не е сè бидејќи Милан ќе има ограничен број на фудбалери за европските натпреварувања, поточно ќе може да пријави по 21 фудбалер во некои од натпреварувањата, наместо 25 колку што се предвидени.

Да потсетиме, Елиот го презема Милан во јуни, откако поранешниот сопственик Јонгхонг Ли не ги исплати долговите од 300 милиони евра, па ќе се обиде да го врати каде што му е местото на италијанскиот гигант.