Официјално: Ибрахимовиќ ќе го пропушти ЕП!

Златан Ибрахимовиќ, сепак, нема да игра на Европското првенство (ЕП) за репрезентацијата на Шведска поради повреда, иако имаше шпекулации дека ќе се рехабилитира до почетокот на натпреварувањето.

Ибрахимовиќ се повреди во дуелот против Јувентус, а медицинските прегледи покажаа дека мора да оди на подолга рехабилитација, што значи дека за него сезоната е завршена.

Напаѓачот на Милан го известил селекторот Јан Андерсон дека ќе мора да го пропушти ЕП.

„Ибрахимовиќ го извести Андерсон дека поради повредата нема да настапи на ЕП. Се надеваме дека набрзо повторно ќе те видиме на теренот“, соопштија од шведската фудбалска репрезентација.