Официјално: Барселона и Наполи ќе играат пред празни трибини на „Камп Ноу“

Реванш натпреварот од осминафиналето во Лигата на шампиони помеѓу Барселона и Наполи ќе се игра без присуство на публика поради опасност од коронавирусот. 

Ова е трет натпревар од осминафиналето во елитата што ќе се игра пред празни трибини по дуелите Валенсија - Аталанта и ПСЖ - Борусија Дортмунд. Натпреварот помеѓу Барселона и Наполи е закажан за 18 март на „Камп Ноу“.

На првата пресметка во Неапол на „Сан Паоло“ заврши 1-1.