Одлично прво полувреме за Спортинг: Ристовски асистира, Шпорар погодува (ВИДЕО)

Екипата на Спортинг има одлична предност по првото полувреме против Башакшехир, во рамки на првиот меч од 1/16 финалето во Лигата на Европа.

Португалците водат со 2-0, а најзаслужен за вториот погодок, постигнат во 44. минута, беше македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски.

Десниот бек правовремено се уфрли на крилната позиција, доби топка, а потоа одлично додаде до Шпорар, кому не му беше тешко да реализира.