Новата тинејџерска сензација на Јувентус влезе во историјата на италијанскиот фудбал (ФОТО)

Младиот фудбалер на италијански Јувентус, Моиз Кеан, кој неодамна со два гола стана првиот фудбалер на торинскиот великан што дал два гола како тинејџер после три децении, сега се запиша и во историјата на италијанскиот фудбал, како втор најмлад стрелец во историјата.

Кеан вчера го постигна вториот гол за Италија со кој ја запечати победата на „аѕурите“ против Финска на стартот од овие евроквалификации и со тоа после шест децении е најмладиот фудбалер кој дава гол за националниот тим.

Кеан со 19 години и 23 дена влезе во истријата, а само еден фудбалер дал гол за Италија на помлада возраст и тоа Бруно Никол во 1958 година со 18 години и 258 дена