Нова радикална промена: Лигата на шампионите се проширува на 40 или 48 екипи?

Откако вистинска војна избувна помеѓу елитните клубови и националните лиги околу реформите во европските купови и затворањето на Лигата на шампионите во ненаква форма на европска Суперлига, нов предлог се појави на маса и тоа за – проширување на елитното натпреварување.

Според најавите идејата за проширување на 40 или 48 екипи од актуелните 32 екипи е алтернативен план на првичниот кој Европската клупска асоцијација (ЕКА) во договори со УЕФА сака да го протурка од 2024 година, според кој 32-та тима би биле поделени во четири групи по осум тима, а најслабите би испаѓале следната сезона во Лига Европа, додека 24 од 32-те би имале секојпат загарантирано учество, без оглед на пласманот во националните шампионати.

На оваа идеја на Андреа Ањели, првиот човек на Јувентус и на ЕКА се спротивставија најсилните лиги од Ла Лига, Бундеслигата, Премиерлигата, како и 15 калчолигаши од Серија А.

Сега се најавува дека на 11 септември ќе има сосранок за новата идеја околу можното проширување, а се најавува дека до крајот на годината ќе биде претставен планот за реформи. УЕФА лани воведе трето натпреварување Лига Европа 2 во кое од 2021 година ќе играат македонските клубови.