Норвежаните не се така страшни - Розенборг пет години нема победа на гости

Норвешкиот шампион Розенборг е последниот европски предизвик за Вардар во оваа дебитантска сезона на црвено-црните на големата сцена и шанса за македонскиот првак да тигне до првите бодови во големото друштво. Вечерва на Националната Арена „Филип Втори“ (20.45 часот), Вардар ја има последната шанса, а противникот во Скопје доаѓа со серија од – пет години без триуф на гости.

Розенборг не е лесен противник, но не е ниту страшен и од рангот на руски Зенит или шпански Реал Сосиедад. Вардар и во Трондхајм покажа дека може да се надигрува со Скандинавците, таму Фелипе го постигна првиот историски гол, па сега на ред е да се одрабти домашната задача и да се освојат бод(ови).

Во Скопје, Розенборг доаѓа со серија од седум гостувања во групната фаза во еврпските натпреварувања без триумф и само едно реми во овие седум последни мечеви на туѓ терен. Серијата на порази стигна до четири, а последна радост им е на 20 септември 2012 година на „Ернст Хапел“ во Виена против Рапид со 2-1.

Оттогаш, Розенборг загуби од Металист во Харков (1-3), од Баер Леверкузен (0-1) во 2012 година, па од Дипро во украински Днипропетровск (0-3), од Лацио во Рим (1-3), а ремизираше со Сент Етјен во Франција (2-2) во 2015. Оваа година загубија од Реал Сосиедад (0-4) и од Зенит (1-3).

Сега на ред е Вардар, а скопјани и навивачите на црвено-црните се надеваат дека оваа серија ќе продолжи на норвешкиот тим на голема радост за нов историски успех на најтрофејниот македонски клуб, кој денеска го игра јубилејниот 70-ти меч во Европа.