Николов испрати порака по победата против ПАОК: Збогум Солун! (ФОТО)

МОЛ Види успеа денеска да оствари важна победа од 1-0 против ПАОК во борбата за втората позиција во групата Л од Лигата на Европа.

Екипата на нашиот репрезентативец Бобан Николов стигна до триумф во 50. минута преку голот на Георги Миланов.

Николов реши да ја прослави победата и на социјалните мрежи, па објави фотографија со порака до грчкиот тим.

„Збогум Солун! Победа!“, напиша Николов на социјалните мрежи.