Никола Секулов постигна гол за Јуве во младинската ЛШ

Во последното коло од младинската лига на шампиони, Никола Секулов, го постигна четвртиот погодок за Јувентус во победата од 5-0 над Леверкузен.

Тој го одигра целиот натпревар и успешно се врати по паузата што ја имаше од месец дена поради повреда. Со оваа победа, младинскиот тим на Јувентус го завери првото место во групата со пет триумфи и еден пораз.

Инаку, Секулов, ги брани боите на Италија, иако има забележано настапи и за Македонија до 17 години. Тој одбил да игра за нашата селекција и потоа одлучил да настапува за „Аѕурите“, а со тоа земјава го загуби еден од најголемите таленти во моментов.