Несмасниот Свилар им се извини на навивачите, а Лукаку го тешеше како мало дете! (ВИДЕО)

Миле Свилар за неполн час напиша историја и стана трагичар на Бенфика со наивно примениот гол, кој се покажа клучен во мечот со Манчестер јунајтед во ЛШ.

Таква почетничка грешка е недозволива за многу пониско ниво на натпреварување, камо ли за најелитното, затоа тинејџерот по крајот на мечот им се извини на навивачите на Бенфика (на крајот на видеото).

Меѓутоа, сите останати на теренот му пружија поддршка. Со оглед дека тој има српски корени, но роден е и живее во Белгија, па затоа настапувал за младинските репрезентации на оваа земја, најсрдечен во дијалогот беше Ромелу Лукаку. Го тешеше како мало дете, а потоа се прегрнаа пријателски.

Имаше разговор и со Немања Матиќ, неговиот сонародник по корените, но и многу веројатно иден соиграч бидејќи српските медиуми пишуваат како иднината на Свилар во репрезентацијата на Србија е неизбежна.

Со 18 години, два месеца и 22 дена тој стана најмладиот голман во историјата на ЛШ, симнувајќи го од приматот Икер Касилјас.