Неочекуван проблем пред мечот Партизан-Астана: Левата статива е помала еден сантиметар! (ФОТО)  

Чудна ситуација беше констатирана пред дуелот помеѓу Партизан и Астана, во рамки на последното коло од групната фаза во Лигата на Европа.

Имено, претставникот на Партизан кој задолжен за контакти и координација со УЕФА, Ненад Даниловиќ, објави на Твитер дека делегатите откриле проблем на стадионот пред вечерашниот натпревар со Астана. Станува збор за левата стратива која била повисока за еден сантиметар.

Правилата на УЕФА се јасни и прецизни и мора да се почитуваат. Ова им е добро познато на сите организатори на натпреварите во европските натпреварувања.

Луѓе, тука нема лоша намера од било која страна. Едноставно, правилата се такви. Ако сакаме да играме натпревари во УЕФА, треба да се придржуваме до сите нивни правила и тоа е нормално. Секако, проблемот беше веднаш решен, објасни Даниловиќ.

Партизан вечерва од 21 часот ќе го стартува последниот натпревар во ЛЕ за оваа сезона, бидејќи веќе ги загуби шансите за пласман во нокаут фазата.