Неатрактивни, а тешки противници ги чекаат Шкупи, Македонија ЃП и Пандевци во првото коло

Неастрактивни противници, но дел од нив доста силни и незгодни ги чекаат трите макеоднски европретставници Академија Пандев, Шкупи и Македонија ЃП во првото квалификациско коло во Лига Европа, откако УЕФА ги објави потенцијалните ривали за трите екипи со скратување на групите во ждрепката закажана за 15.30 часот утре во Нион.

Ако лани Глазгов Ренџерс им се падна на чаирчани, па шкотскиот великан беше суператрактивното име кое гостуваше, овојпат за македонските европретставници нема такви имиња меѓу потенцијалните ривали.

Академија Пандев, која дебитира во европските натпреварувања се најде во петтата група за ждрепката со потенцијални ривали како Фехевар (Унгарија), Зрињски (БиХ), Шахтер Солигорск (Белорусија), Нефчи (Азарбејџан) и Левски Софија (Бугарија).

Освојувачот на Купот на Македонија, Македонија ЃП за потенцијални ривали ги има во својот прв европски настап после повеќе од една деценија во екипите од шестата група како Спартак Трнава (Словачка), Жалгирис (Литванија), Фола Еш (Луксембург), Алкашерт (Ерменија) и Олимпија Љубљана.

Шкупи втора година по ред игра во квалификациите во Лига Европа, а сега е во деветата група на ждрепката со ривали како многу незгодните Хапоел Бер Шева (Израел), АЕК Ларнака со Даниел Мојсов и Иван Тричковски (Кипар), Домжале (Словенија), Пјуник (Ерменија), Сабаил (Азербејџан) и Будуќност Подгорица (Црна Гора).