Навивачите ги понижија фудбалерите на Партизан, тренерот Столица доби отказ (ВИДЕО)

Партизан одигра 2-2 против АЕК Ларнака во реваншот од третото коло во квалификациите за Лига Европа и испадна од натпреварувањето поради поразот од кипарскиот тим во првиот меч со 1-2, па тоа предизвика незадоволство кај навивачите на српската екипа, по што отказ добил и тренерот Илија Столица.

Српските медиуми пишуваат дека раководството на Партизан не било задоволно од Столица, кој со Партизан запиша две ремија и по еден пораз и победа во српскиот шампионат, а сега и екипата доживеа неуспех во Европа, па тренерот добил отказ.

Најверните навивачи на Партизан, „Гробари“ по мечот ги понижија фудбалерите така што ги натераа да ги соблечат дресовите, зашто поранешниот српски шампион е далеку од нивото на кое треба да биде сезонава.