Навивачи на Ливерпул настрадаа во судир со „наполитанците“ (ВИДЕО)

Двајца навивачи на Ливерпул се повредени при напад на навивачи на Наполи, пред вчерашниот натпревар од првото коло од групната фаза на Лигата на шампионите.

Според британските медиуми, група мажи на скутери возеле до еден бар во кој седеле фановите на Ливерпул и ги нападнале. Како резултат на тоа, 26-годишен и 46-годишен Британец добиле исекотини и модринки по телата, поради што им била укажана прва помош на лице место.

Веќе за време на натпреварот, настрадал уште еден гостински навивач. Тој, според локалните медиуми, паднал за време на паузата меѓу двете полувремиња и бил хоспитализиран. Извршниот директор на Ливерпул, Питер Мур го посетил во болницата несреќниот навивач на „црвените“.

Средбата во Италија заврши со 2-0 во корист на „наполитанците“.