Навас на голот, Куртоа на клупата заедно со Модриќ (ФОТО)

Хулен Лопетеги и Диего Сименоне ги одредија почетните состави за вечерашниот УЕФА Суперкуп, што се игра од 21 часот во Талин, Естонија. 

На голот на Реал Мадрид го нема новото засилување Тибо Куртоа, туку стартува староседелецот Кејлор Навас. На клупата е и Лука Модриќ кој доста доцна се приклучи на подготовките, па не е доволно подготвен за цел натпревар. 

Во таборот на Атлетико официјално деби ќе има Тома Лемар, кој летово за 65 милиони евра дојде од Монако.