Натпреварот меѓу Ливерпул и Атлетико Мадрид „виновен“ за смртта на 41 лице?!

„Дејли Мејл“ објави дека Европската фудбалска унија (УЕФА) направила грешка што дозволила да се одигра мечот меѓу Ливерпул и Атлетико Мадрид, а поради тоа настрадале дури 41 лице.

Податоците покажуваат дека Шпанија пред мечот имала повеќе од 640.000 позитивни случаи, додека во Велика Британија беа потврдени 100.000 случаи.

Според податоците на Националната здравствена служба, таквата одлука донесе до зголемување на смртноста. Дури 41 лице починало директно или индиректно до собирањето на луѓетео на овој натпревар.

УЕФА тогаш беше критикувана затоа што не ги затвори вратите на стадионите за навивачите на споменатиот меч.