Наполи и Елмас триумфираа кај Реал Сосиедад, Велковски не се прослави против АЗ Алкмар (ВИДЕО)

Наполи славеше со 1-0 на незгодното гостување кај Реал Сосиедад во второто коло од групната фаза во Лига Европа, додека Арсенал на домашен терен го среди Дундалк со 3-0.

На Наполи му беше потребен еден погодок на мечот за да го реши во своја корист, а херој на гостите беше Политано во 56. минута, кој му ги донесе првите три бода на тимот од Неапол во елитното натпреварување. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас остана на клупата и не доби минутажа од тренерот Џенаро Гатузо.

Арсенал без многу мака го совлада Дандолк со 3-0 на домашен терен, откако во првото полувреме мрежата на гостинот се затресе двапати, а потоа во второто полувреме Николас Пепе ги потврди конечните 3-0.

Дарко Велковски одигра 64 минути во убедливиот пораз на Риека од 1-4 на гостински терен кај одличниот АЗ Алкмар.

Останати резултати:

Рома – ЦСКА 0-0
Клуж – Јанг бојс 1-1
Гранада – ПАОК 0-0
Молде – Рапид Виена 1-0
Омонија – ПСВ 1-2
Ренџер – Лех 1-0
Славија Прага – Баер Леверкузен 1-0.