Наполи го најави составот: Инсиње на теренот, нашиот Елмас на – клупата!

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Елиф Елмас, од клупата за резервни играчи ќе го почне вечерашниот осминафинален реванш натпревар против Барселона (21 часот) на „Камп Ноу“, откако според најавените состави на теренот, сепак, ќе се најде Лоренцо Инсиње.

Инсиње се повреди на последната средба од Серија А против Лацио, поради што под знак прашалник беше неговиот настап на оваа средба. Сепак, големата важност на мечот и желбата да се дојде до позитивен резултат против големиот ривал се причините поради кои тој ќе стисне заби и ќе стори сѐ за да му помогне на својот тим.

Двата тима најавуваат ептен офанзивни состави, со оглед што Наполи покрај Инсиње ќе игра и со Мертенс и Калјехон во стартната постава, додека кај Барса ќе настапат Меси, Суарез и Гризман. Првиот меч во Неапол заврши со резултат 1-1.

Во вториот вечерашен осминагинален реванш-дуел ќе се сретнат Баерн Минхен и Челси (3-0).

Најавените стартни состави на двете екипи:

Барселона (3-4-3): Тер Штеген – Семедо, Пике, Ленгле – Алба, Роберто, Де Јонг, Ракитиќ – Меси, Гризман, Суарес.

Наполи (4-3-3): Оспина – Ди Лоренцо, Манолас, Кулибали, Руи – Руиз, Деме, Зјелински – Калјехон, Инсиње, Мертенс.