Најтешката ноќ во животот: Наинголан не можеше да ги задржи солзите (ФОТО)

Ако Свен Улрајх беше најтажна личност во светот во вторникот, Раџа Наинголан истата судбина ја доживеа 24 часа подоцна.

Германскиот голман им подари гол на Реал Мадрид, кој се покажа како решавачки и ги однесе „кралевите“ во финалето на Лигата на шампиони. Иако можеби прегрубо звучи, тие двајца се трагичари на своите екипи во реванш-натпреварите, а тоа можеше да се види и на фотографиите по мечот.

Сликата на која Улрајх седи сам на „Сантијаго бернабеу“ долго по мечот се појави на сите социјални мрежи, а вчерашните солзи на Наинголан го направија истото. Белгиецот направи голема грешка на почетокот на средбата, па Садио Мане погоди за водство на Ливерпул. Таа грешка Наинголан може да ја памети уште долго, зашто е една од причините поради која „волчицата“ не се пласираше во финале.

Иако до крајот на средбата постигна два гола, Наинголан не можеше да ги сокрие солзите, зашто беше свесен дека направи грешка поради која навивачите не прославија пласман во финалето.

Секако, Наинголан ги израдува навивачите многупати, па тие нема да му се налутат поради вчерашната грешка.