Надежите на Шкендија против азербејџанска Габала во првото коло во младинската ЛШ

Надежите на тетовска Шкендија ќе се соочат со азербејџанска Габала во првото коло од младинската Лига на шампионите во новата сезона која стартува во март, реши денешната ждрепка во Нион.

Тетовци за разлика од минатите години, овојпат доби многу полесен противник на хартија, па на домашен терен же брка пласман во следната рунда, а мечот ќе се игра на 2 или 3 март годинава.

Досега ниту еден македонски младински шампион, откако се игра младинската ЛШ, не успеал да го мине првото коло во најелитното натпреварување за фудбалери до 19 години.