На овој еврогол на Аполон аплаудираше цел „Велодром“ (ВИДЕО)

Олимпик Марсеј на домашен терен губи од Аполон со 3-1 во Лигата на Европа, а третиот гол на гостите беше вистинско ремек-дело. 

Мариос Стилиану погоди на фантастичен начин во 56-тата минута, а ги воодушеви и навивачите на Олимпик Марсеј.