Мурињо типуваше за финале во ЛШ и ги разочара Англичаните: Само два тима може да играат таму!

Жозе Мурињо го кажа своето мислење за натпреварите од осминафиналето во Лигата на шампиони, како и за финалето во натпреварувањето и неговиот коментар ќе ги разочара англиските екипи.

Поранешниот тренер на Манчестер јунајтед и Челси не гледа ниту еден англиски клуб во финалето на елитното натпреварување, па верува дека Јувентус и Барселона ќе играат во финалето на први јуни.

„Фаворити? Јас би рекол Јувентус и Барселона. Сите зборуваат за Роналдо и Меси, но јас би зборувал за Јувентус и Барселона. Англиските тимови, како и Ајакс и Порто се добри, но немаат големо искуство. Кога го имаш Меси или Роналдо, тоа ти дава голем плус“, вели Мурињо.