Мурињо бесен: Да можеше сите ќе ги заменев на полувреме!

Премиерлигашот Тотнем неичекувано загуби на синоќешното гостување кај Антверпен (0-1) во меч од 2. коло од Лигата на шампионоте, пораз кој предизвика огромен бес кај тренерот на оваа екипа, Жозе Мурињо.

Португалецот на полувремето направи дури четири замени, што предизвика љубопитност кај новинарите.

„Да можеше, ќе ги заменев сите 11, но задржав една замена, чисто зашто 45 минути се премногу долг период за да играм без можност за промена. Но, играчите не се виновни. Само јас сум виновен зашто јас го одбрав почетниот состав и решив како ќе играме”, изјави Мурињо.

Стратегот на составот од Лондон средбата ја почна со Бејл и Карлос Винисиус, а на полувреме ги внесе Хојберг, Лукас Моура и Сон, а подоцна и Хари Кејн.