Мо Салах го достигна легендарниот Јан Раш – петта сезона по ред со 20 гола (ВИДЕО)

Англиски Ливерпул немал ваков напаѓач како Мохамед Салах повеќе од 35 години, уште од времето на Јан Раш, па Египпѓанецот вечерва успеа да го достигне легендарниот центарфор на „црвените“ од 80-те години на минатиот век.

Петта сезона по ред, египетската ѕвезда Салах успеа да дојде до најмалку 20 гола во една сезона во сите натпреварувања, откако против Милан во 36-та минута го даде голот за израмнување вечерва во последното коло во групната фаза во ЛШ.

Раш имаше ваква серија на голови од 1981/82 до 1986/87, а сега Салах после 35 години стигнува до едно неверојатно остварување на радост на навивачите од „Енфилд Роуд“.