Мечот Зенит - Вардар ќе го гледаат и во Белизе! (ФОТО)

Гостувањето на Вардар кај Зенит, можеби ќе биде скриено од небото, но ќе биде отворено пред светот.

Натпреварот им е најинтересен на Русите и на Македонците, но ќе биде пренесуван дури во 66 земји од цел свет. Така на пример ќе се емитува во Бахреин, Белизе, Брунеи, во Мавританија, Џибути, Хондурас, Канада, во Венецуела или, попрецизно, на сите континенти освен на Антарктикот.

Ова е листата со сите земји кои ќе го гледаат.