Мечот меѓу Барселона и Наполи, сепак, ќе се игра на „Камп ноу“!?

„Фудбал Италија“ објави дека Европската куќа на фудбалот (УЕФА) решила да не го сели мечот меѓу Барселона и Наполи од Лигата на шампиони во друга држава, туку истиот ќе биде одигран на „Камп Ноу“.

Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис претходно кажа дека мечот треба да се пресели во Португалија или Германија, зашто е зголемен бројот на заразени луѓе во Шпанија, но и покрај тоа УЕФА решила дуелот да се одигра според првиот план.

„Ние ја следиме будно ситуацијата и во контакт сме со локалните власти. Мечот ќе се одигра во Барселона како што беше планирано“, соопштиле од УЕФА, а пренесува „Фудбал Италија“.