Мбапе в недела може да стане најдобар стрелец во историјата на француската репрезентација

Голгетерот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе учествуваше со два гола во синоќешната победа против Украина со 4-0 во претпоследниот квалификациски натпревар за Светското првенство.

На „триколорите“ им беше потребен еден бод за да го заверат учеството на Мундијалот, но сепак им приредија забава на своите навивачи и убедливо триумфираа. Сите четири гола беа постигнати во второто полувреме, а Мбапе освен двата погодока, забележа и една асистенција.

Со двата гола, тој стигна до бројката од 55 во националниот тим и сега само уште два му недостасуваат за да го достигне рекордерот Оливие Жиру. Првата шанса за тоа ќе ја има веќе в недела кога Франција му гостува на Азербејџан и ако Мбапе постигне хет-трик, ќе се искачи на првото место на вечната листа на стрелци.

Нема сомнение дека ако не го направи тоа сега, ќе се искачи на врвот во 2026 година во која со Франција ќе брка нова светска титула, по онаа во 2018. Исто така, многу веројатно Мбапе ќе биде и рекордер по бројот на настапи во францускиот национален тим бидејќи на безмалку 27 години има 94 одиграни натпревару и му недостасува 51 меч за да го достигне рекордерот Уго Лорис.

фото: EPA photo