Мбапе ќе го предводи нападот на ПСЖ, Солшер без поголеми изненадувања (ФОТО)

Манчестер јунајтед го пречекува ПСЖ вечерва од 21 часот на „Олд Трафорд“, а парижаните, како што се очекуваше, ослабени ќе гостуваат во Англија бидејќи не може да сметаат на своите најголеми ѕвезди Едисон Кавани и Нејмар.

Двете екипи ги објавија официјалните состави за денешниот меч, а за екипата на Јунајтед ќе настапат Давид де Хеа, Виктор Линделоф, Ерик Баи, Пол Погба, Маркус Рашфорд, Ентони Марсијал, Џеси Лингард, Ешли Јанг, Андер Ерера, Лук Шо и Немања Матиќ.

Од другата страна, за ПСЖ ќе играа Џанлуиџи Буфон, Тиаго Силва, Преснел Кимпамбе, Тило Керер, Маркињос, Марко Верати, Килијан Мбапе, Анхел Ди Марија, Дани Алвеш, Хуан Бернат и Џулијан Дракслер.

Во вториот вечерашен меч Рома и Порто ќе тргнат со идентична формација 4-3-3, па и двете екипи се надеваат на позитивен резултат.