Мбапе испиша нова историја во Лигата на шампиони (ВИДЕО)

Килијан Мбапе уште кога дебитираше во Лигата на шампиони во дресот на Монако покажа дека ќе биде неверојатен фудбалер. 

За многу брзо време тој испиша нова историја во елитното натпреварување откако вечерва стана најмладиот фудбалер што стигнал до 10 голови во Лигата на шампиони.

Тој погоди во поразот на ПСЖ од 3-1 на гостувањето кај Баерн Минхен и за него тоа беше љубилеен 10-ти гол, што го постигна на само 18 години, 11 месеци и 15 дена.

Претходниот рекорд го имаше Карим Бензема, кој во дресот на Лион дојде до 10 голови во ЛШ со 20 години, 10 месеци и два дена.