Мбапе: Имам голема почит за тоа што Рашфорд го прави надвор од теренот

ПСЖ вечерва го пречекува Манчестер јунајтед во рамки на 1.коло од групната фаза во Лигата на шампионите. Тоа ќе биде дерби натпревар, што привлекува огромно внимание, а секако во фокусот ќе бидат двете млади фудбалски ѕвезди Клијан Мбапе и Маркус Рашфорд.

Французинот синоќа изјави дека освен што го почитува Рашфорд како играч од светска класа, тој исто така му се воодушевува поради неговата работа надвор од теренот. Младиот Англичанец додека трае пандемијата од коронавирусот успеа на своја иницијатива да ја смени политиката на Владата на Велика Британија околу бесплатните училишно оброци на учениците.

По неговата петиција, Владата мораше да ја продолжи кампањата, која претходно ја прекина како мерка за штедење во пандемијата.

„Да се совлада еден таков голем проблем како детската сиромаштија е едно од најважните работи што еден човек може да ја направи. Затоа јас имам целосна почит за тоа што го направи и поради тоа што се обидува да направи вистинска промена. Мислам дека фудбалерите треба да ја искористат својата позиција за да направат разлика. Ние имаме добиено толкму многу и затоа е важно да вратиме назад колку можеме“, изјави Мбапе.