Мбапе има скршен нос, но нема да оди на операција!

Францускиот напаѓач Килијан Мбапе се повреди на дуелот против Австрија (1-0), а медицинските прегледи покажаа дека го скршил носот, но нема да оди на операција затоа што тоа ќе значи крај на настапот на Европското првенство (ЕП).

Докторите сметаат дека Мбапе може да продолжи да се натпреварува на ЕП во Германија, но ќе мора да носи заштитна маска во следните дуели на „триколорите“.

„Мбапе се врати во кампот на Франција минатата ноќ по медицинските прегледи. Килијан го скршил носот и ќе добие медицинска помош, но нема да оди на операција. Ќе биде изработена специјална заштитна маска за да може да игра на следните дуели“, соопшти Фудбалската федерација на Франција.